НЕВИДЛИВОСТА НИ Е НА ДОФАТ Британски стартап направи штит кој ве прави незабележливи (ФОТО)
„Секој штит користи прецизно дизајнирана низа на леќи за да насочат голем дел од светлината што се рефлектира од субјектот подалеку од набљудувачот, испраќајќи ја настрана преку лицето на штитот налево и надесно“, пишува стартапот на својот Кикстартер профил.
Британска компанија разви пластичен штит кој не бара струја или друго напојување со енергија може буквално да ве направи невидливи за средината, пишува ИФЛ Наука. Невидливоста се постинува со напредна оптичка леќа која ја рефлектира светлината на специфичен, но заматен начин. Штитот ќе направи да исчезнете и ако стоите на 5 и на 100 метри далечина од него.
Единственото нешто кое може да повлијае на илузијата е вашата облека и сончевата светлина. Но, тоа е занемарливо. Интересниот факт е дека леќата функционира на сличен начин како оние 3Д-сликички кои порано ги имаше во чипсовите. Набраздените стакла изгледаа како да се движат ако малку мрднете со погледот.
„Секој штит користи прецизно дизајнирана низа на леќи за да насочат голем дел од светлината што се рефлектира од субјектот подалеку од набљудувачот, испраќајќи ја настрана преку лицето на штитот налево и надесно“, пишува стартапот на својот Кикстартер профил.
„Од перспектива на набљудувачот, оваа позадинска светлина е ефективно размачкана хоризонтално низ предната страна на штитот, над областа каде што предметот вообичаено би се гледал“, додаваат тие.
Компанијата е стартап и е во фаза на групно финансирање. Тие веќе ги собраа парите. Од 6 април, проектот доби над 163.000 фунти (214.134 американски долари) од 1.065 поддржувачи откако тргна со цел од 5.000 фунти (6.540 американски долари). Дури имаат уште цел месец да дособерат средства за почнување на бизнисот.
Пред неколку години, се појавија голем број слични производи, иако многу од овие проекти наидоа на пречки и се чинеше дека исчезнаа. Забележувајќи ја оваа празнина на пазарот, „Invisibility Shield Co“ одлучи да ја земе работата во свои раце.
„Разочарани од недостатокот на напредок и континуираната недостапност на вистинските штитови за невидливост, решивме да ги забрзаме работите и да се вклучиме во нашиот проект за навистина да создадеме таков штит“, објаснува стартапот.
Досега компанијата создала 25 целосно функционални штитови за невидливост. Се надеваат дека ќе ги продаваат во две големини: мал штит со големина од околу 21 на 31 сантиметар (8,3 на 12,2 инчи), достапен за 49 фунти (64 долари) и поголем со димензии 65 на 95 сантиметри со цена од 299 фунти (391 долари).
Штитовите, исто така, целосно можат да се рециклираат, што е плус за производот.