НА ДЕЦАТА ЗА ИМУНИТЕТ ИМ ТРЕБААТ МИКРОБИ, А НЕ АНТИБИОТИЦИ Зошто премногу хигиена го загрозува здравјето на најмалите?

Кога се раѓаме, немаме микроби и нашиот имунолошки систем е недоволно развиен. Имунитетот почнува да се развива дури кога ќе се појават микроби кои го будат. Без нив, не би можеле да се бориме со инфекциите

265

Тоа што денес имаме се повеќе алергии, вишок килограми и воспалителни болести на цревата, па дури и аутизам, е последица на претераната хигиена.
Да, важно е да ги миете рацете. За време на сезоната на грип, тоа е уште поважно. Но, денес навистина претеруваме, предупредуваат научниците.

Уништувањето на бактериите на вашите раце со антибактериски сапуни и прекумерната употреба на антибиотици имаат исклучително лош ефект врз имунитетот на нашите деца, вели микробиологот Мари-Клер Ариета, коавтор на книгата „Нека јадат нечистотија: Како да ги зачуваме нашите деца во премногу стерилен свет“ (Let Them Eat Dirt: Saving Our Children from an Oversanitized World).






Зошто премногу хигиена го загрозува здравјето на децата? Затоа што придонесува за развој на хронични болести, од алергии до дебелина, велат Ариета и нејзиниот коавтор, микробиологот Брет Финли од Универзитетот во Калгари.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини