КОБНИОТ ЛАПТОП НА СИНОТ НА БАЈДЕН Протекоа ли мејловите за биолабораториите во Украина?

Е-поштата, која содржи меморандум од април 2014 година, покажува дека Хантер Бајден и извршната директорка на „Метабиота“, Мери Гутиерез, разговарале „како потенцијално можат да користат заеднички тим, мрежи и концепти за да ја потврдат културната и економска независност на Украина од Русија и нејзината интеграција во западниот свет“.

7,171

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден финансирал истражувања во озлогалсените билаборатории во Украина, пишува ДејлиМејл, повикувајќи се на два мејлови кои наводно протекле од неговиот оштетен лаптоп, прикажувајќи слики од истите. Биолабораториите кои веќе подолго време се причина за препирка меѓу официјален Вашингтон и Москва, биле финансирани преку фондот „Росмон Сенека“ и компанијата „Метабиота“, како изведувач на министерство на САД.

„Синот на претседателот Џо Бајден и неговите партнери од „Росмон Сенека“, исто така, инвестираа 500.000 долари во Метабиота“, покажуваат документите.






Е-поштата, која содржи меморандум од април 2014 година, покажува дека Хантер Бајден и извршната директорка на „Метабиота“, Мери Гутиерез, разговарале „како потенцијално можат да користат заеднички тим, мрежи и концепти за да ја потврдат културната и економска независност на Украина од Русија и нејзината интеграција во западниот свет“.

Корисници на Твитер ги споделија сликите до кои дошол „ДејлиМејл“.

 

Според ДејлиМејл улогата на синот на Бајден била клучна. Порталот дури и напиша дека тврдењето на Москва дека синот на американскиот претседател помогнал во финансирањето на икс-лабораториите е точно, иако пред само две недели тврдеше дека Русија со ова тврдење ја засилила својата „дива пропагандна кампања“.

Во октомври 2020 година, The Post ексклузивно објави за содржината на лаптопот на Хантер Бајден што тој го отфрли во продавница за поправка во Делавер во април 2019 година. Хард дискот на лаптопот содржел збирка од е-пошта, текстуални пораки, фотографии и финансиски документи помеѓу Хантер Бајден, неговото семејство и деловните соработници.

Во мејловите наводно, се гледа како синот на претседателот ја користел својата политичка моќ во неговите деловни зделки со странство. Сопственикот на сервисот каде бил поправан лаптопот го пријавил лаптопот во ФБИ, кое ги запленило уредот и неговиот хард диск.

Како дел од нивната истрага за Хантер Бајден, пишува Тајмс, федералните обвинители ги разгледале мејловите меѓу првиот син и неговите поранешни деловни соработници кои биле пронајдени од лаптопот. Дел од прегледаната кореспонденција била помеѓу Хантер Бајден и Девон Арчер, кој служел со првиот син во одборот на украинската енергетска компанија Бурисма, се вели во извештајот.

Арчер, кој беше осуден минатиот месец во неповрзан случај за измама, „целосно соработувал“ со федералните служби во нивната истрага против Хантер Бајден, објави The Post.

 

Поврзани содржини