БАЈДЕН ВЕЧЕРАШЕ ПИЦА, А БИ ЈАДЕЛ ГРАВ Американските војници го почастија пред средбата со полскиот колега

Би јадел грав, рекол Бајден откако прашал дали може да вечера, но војниците од 82-рата дивизија му понудиле пица, која претседателот ја прифатил на нивно задоволство.

1,865

Џо Бајден вечерва јадеше пица заедно со американските војници во Полска, земјата која ја посети за лично да види како се одвиваат меѓународние напори за помош на бегалците од Украина.

– Би јадел грав – рекол Бајден откако прашал дали може да вечера, но војниците од 82-рата дивизија му понудиле пица, која претседателот ја прифатил на нивно задоволство.

 






Бајден на средбата ја пофалил храброста на украинските цивили додека разговараше со американските војници во Полска.

– Украинскиот народ има јамка. Гледајте ги како се борат. Жени, млади мажи, стојат пред проклет тенк и велат: „Не заминувам од тука, останувам овде“. Тие се неверојатни – изјавил Бајден.

А, еве со кои зборови тој им се заблагодари на војниците:

– Ви благодарам многу за тоа што го правите, вие сте најдобри, а ова не е претерување. Вие сте најдобри и се борите за нас во светската историја – рече Бајден во трпезаријата.

Подоцна се очекува Бајден да се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Поврзани содржини