ЕУ ОТСЕГА ИМА ПРОФИЛ НА РУСКИ „ТЕЛЕГРАМ“ Ќе постира соопштенија, видеоматеријали, фотографии…
Налозите се отворени со цел корисниците на тие платформи да се запознаат со најновите настани поврзани со ЕУ.
Делегацијата на Европска Унија во Русија денеска соопшти дека отворила налози на апликацијата Телеграм и на руската социјална мрежа ВК (Вконтакте), руска верзија на Фејсбук.
Налозите се отворени со цел корисниците на тие платформи да се запознаат со најновите настани поврзани со ЕУ.
Делегацијата на ЕУ на Телеграм и на ВК ќе објавува изјави, соопштенија, видеоматеријали, фотографии и графикони.