KOМЕДИЈАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ПОВТОРНО ДОСТАПНА НА НЕТФЛИКС Слуга на народот е вистински хит (ВИДЕО)

Иако реалното сценарио со кое се соочуваат Зеленски и украинскиот народ е многу помрачно и пострашно од комедијата на серијата, има очигледни паралели со ситуацијата во реалниот свет, а „Слуга на народот“ е фасцинантен, важен и историски дел од телевизијата, вели Никола Содерлунд од шведската телевизија „Ехо Рајтс“ под чија лиценца излегуваше шоуто.

1,401

Слуга на народот“, комичната серија со која акутелниот украински претседател Володимир Зеленски стана популарен, повторно е достапна на „Нетфликс“. Серијата е снимана четири години, од 2015 до 2019, а беше на каналот сѐ до лани, пишува РТ.






„Слуга на народот“ ја раскажува приказната за еден учител, игран од Зеленски, кој неочекувано станува претседател откако неговите галамења и критики против корупцијата станале вирални на социјалните мрежи. По три сезони од шоуто, Зеленски реши и вистински да се кандидира за претседател. За тоа тој формираше партија која го носи истото име – „Слуга на народот“.

– Неговиот измислен претседател е нормален човек кој прераснува во херој и обожаван лидер – рече управниот партнер на шведската телевизија „Ехо Рајтс“, Никола Содерлунд, под чија лиценца излегуваше шоуто.

– Иако реалното сценарио со кое се соочуваат Зеленски и украинскиот народ е многу помрачно и пострашно од комедијата на серијата, има очигледни паралели со ситуацијата во реалниот свет, а „Слуга на народот“ е фасцинантен, важен и историски дел од телевизијата – додава тој.

„Нетфликс“ го врати шоуто во етерот точно пред неговото вчерашно обраќање во американскиот Конгрес. Зеленски утринава се обрати и пред пратениците во германскиот Бундестаг, со жестока порака „да се урне Берлинскиот ѕид меѓу слободата и немањето слобода“.

 

 

Поврзани содржини