МАЛИ ЗРНА, ГОЛЕМА ФИЛОЗОФИЈА Како се готват житарките?

Како се готват интегрално жито, јачмен, хељда, просо, ориз, овес, ‘рж… Дали со или без претходно потопување и стоење во вода. Што е важно при готвењето?

209

Житарки кои бараат претходно натопување се оние кои вклучуваат поголеми интегрални зрна: ориз, јачмен, овес, пченица, камут (древна египетска пченица). Овие житарки треба да се киснат најмалку 3-4 часа пред готвењето, а по можност 12 или повеќе часа. Натопувањето е важно не само затоа што таквите омекнати и набабрени зрна ќе се готват полесно и побрзо, односно ќе бидат посварливи и подобро искористени во процесот на варење, туку и затоа што со натопување на интегралните зрна започнува процесот на нивно „будење“ или ртење, со што се зголемува „ виталноста“ на храната. Ако е вистина дека сме тоа што го јадеме, сигурно е дека сакаме да бидеме како овие зрна, кои се будат, започнуваат нов живот и имаат креативна сила да прераснат во големи растенија!

Како се готват житарките и интегралните зрна зависи од тоа дали треба претходно да се потопуваат во вода или не.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини