ОСТАВИ ГО ДА ПЛАЧЕ, ЌЕ ЗАСПИЕ! Оставањето на бебето да плаче е спротивно на родителскиот инстинкт

Кога бебето плаче кај родителите срцето почнува да чука побрзо, притисокот се зголемува, дланките се потат и стомакот се стега. Односно, нашите инстинкти се активираат и имаме потреба да ги задоволиме неговите потреби. Затоа е толку тешко да се остави бебето да плаче бидејќи тоа е спротивно на родителските нагони кои ни помагаат да му го обезбедиме она што му треба

529

Се појави истражување според кое методот „нека се исплаче и така нека заспие“ е сосема во ред. Проблемот со ова истражување е што е направено на многу мал примерок од само 43 бебиња. Се занимавало и со краткорочните ефекти на методот, не водејќи сметка за сега веќе добро познатите сознанија за начините на кои децата го доживуваат и изразуваат стресот.

На пример, некои деца кои доживуваат екстремно високи нивоа на стрес и трпат физиолошки промени (забрзано чукање на срцето, неправилно дишење) може да се повлечат во себе и да не ги изразуваат своите емоции. Додека да речеме она што некој го теши иако е под стрес, не трпи физиолошки последици.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини