НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ Бензините ќе поевтинат за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари
Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одлучи да ги намали цените на горивата и тоа на бензините за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Новата цена на горивата ќе важи од полноќ.
Бензинот „еуросупер БС-95„ од полноќ ќе се продава за 86,50 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ за 88,50 денари. „Еуродизелот ќе се продава за 88 денари за литар, а „екстра лесното масло за домаќинство“ за 83,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во новите пониски цени ги вкалкулира изменетите акцизи и стапки на ДДВ.
Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.
Владата врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти владината прес-служба.