ПОАРНО ВИДЕО-ИГРИ ОТКОЛКУ ТЕЛЕВИЗИЈА Времето пред екраните не е нужно лошо за децата
Времето поминато пред екраните може да биде и корисно, тврдат новите истражувања
Времето поминато пред екран стана една од најконтроверзните теми во современото родителство. Многу родители се загрижени заради зависноста од електрониката и се трудат времето пред екраните да го сведат на апсолутен минимум. Но, сè повеќе истражувања покажуваат дека родителите треба да имаат многу повнимателен пристап кога станува збор за управување и ограничување на времето пред екранот.
Постојат голем број на активности кои вклучуваат употреба на екрани и секоја од овие активности има свои предности и недостатоци. Сепак, здравствените организации често ги предупредуваат родителите да го ограничат времето кое децата го поминуваат пред екраните, без разлика дали тоа е играње видео игри или гледање Нетфликс, за нивните деца да не станат асоцијални и дебели. Но, вистината е дека играњето видео игри не е исто што и пасивното гледање телевизија, а многу видео игри се одлични за децата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.