ИНКОГНИТО СУРФАЊЕТО НЕ Е ТОЛКУ ИНКОГНИТО Најчести митови за приватното пребарување по интернет

Секој интернет пребарувач има опција за приватно сурфање, но тоа не значи дека пребарувачот не собира податоци за вас.

450

Речиси сите прелистувачи имаат можност за приватно сурфање, на Google Chrome се нарекува Инкогнито режим, додека на Mozilla Firefox се нарекува Private Browsing. Иако помагаат да се скрие дел од вашата активност од други луѓе, тие не ве прават невидливи.

Затоа компанијата Mozilla реши да им објасни на своите корисници, па и на сите нас, што значи приватно пребарување, поради што тимот на Firefox реши да ги разбие заблудите за тоа.






Пред вас се четири митови кои создаваат лажна слика за заштита на корисниците на интернет, па би било добро да престанете да верувате во нив…

МИТ бр. 1: Не сте анонимни!

Опцијата Приватно пребарување ве прави делумно анонимни на интернет, бидејќи оваа опција не го маскира вашиот идентитет или активност. Веб-страниците и давателите на услуги може да собираат информации и податоци за вашите посети, дури и кога не сте пријавени.

Ако користите компјутер на работа, вашата компанија може да ја следи секоја страница што ја посетувате. Ако случајно сурфате од дома, вашиот интернет провајдер може да има пристап до вашата историја на пребарување.

МИТ бр. 2: Трагите сè уште постојат…

Приватното прелистување не ја отстранува секоја трага од вашата активност од вашиот компјутер. Оваа опција функционира така што ви овозможува да пребарувате без да складирате лозинки, колачиња или историја во приватен режим.

Ако преземете датотека преку вашиот интернет прелистувач, таа ќе остане на вашиот компјутер, но нема да се појави во историјата на преземање на програмата/апликацијата Firefox. Ако зачувате/означите страница во овој режим, таа ќе остане на вашата листа.

МИТ бр. 3: адресата ќе ве издаде

Приватното прелистување може да ја прикаже историјата на пребарување. Оваа опција, стандардно, ја прикажува секоја посетена или зачувана локација штом ќе почнете да ја пишувате нејзината врска во лентата за веб-адреси.

Овие страници се  зачувани додека се користи интернет во регуларен режим на работа.

Ако не сакате да добивате сугестии, можете да ги исклучите со одење до поставките на вашиот пребарувач, а потоа Privacy and Security > Address Bar.

МИТ бр. 4: Ве заштитува од вируси?!

Приватното пребарување нема да ве заштити од малициозен софтвер, вируси и други опасности на интернет. Овој режим не ве заштитува од такви напади освен ако веќе го имате инсталирано антивирусниот приклучок на вашата антивирусна програма. Ако се сомневате дека вашиот компјутер е заразен – веднаш проверете го со некој сигурен антивирусен софтвер!

Поврзани содржини