РУСИТЕ СЕ БРИШАТ И ОД ВИДЕО ИГРИТЕ Руската репрезентација ја нема ни на плејстејшн
Покрај во ФИФА, руските тимови ќе ги нема и во најпознатата видео игра посветена на хокејот.
Санкциите кон Русија поради агресијата кон Украина се селат и во видео игрите, па покрај што на руските репрезентации и тимови им е забрането да учестуваат на спортски натпревари сега тие се бришат и од видео игрите.
ЕА Спортс, која покрај другите видео игри ги издава и ФИФА и НХЛ, изјави дека во координација со своите партнери од светските спортски сојузи дошле до заклучок, дека руските репрезентации и тимови треба да бидат недостапни за играчите на популарните видео игри.
Покрај Русија во новото издание на најпопуларната хокеј видео игра НХЛ 22 ќе го нема и тимот на Белорусија поради нивната поддршка кон руската агресија во Украина.
Како што изјавуваат од ЕА Спорстс оваа одлука е поради солидарност со народот на Украина.
A statement from EA SPORTS FIFA: pic.twitter.com/v3pZvpblgS
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) March 2, 2022