Некој ќе рече на овие им е само до власт. Но, не ни е само до власт, ако така гледаме можеби ние сега сме во најкомотна позиција, двапати поголем рејтинг, 50-на општини, не еве набргу ќе дојде денот кога ќе го повикаме народот, јас лично ќе го повикам народот против оваа корумпирана, криминализирана и неспособна и анационална власт. Многу скоро ќе дојде тој ден, ќе им се случи огромен пораз, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.
Мицкоски вели дека ќе побара поддршка и од медиумите и од сите граѓани масовно да излезат и да покажат пркос што навистина мислат граѓаните за оваа владеење на владата на СДСМ.
– Ќе побараме и општествена поддршка од вас, од луѓето кои што се креатори на јавното мислење. Ако мислите дека е вака добро, тогаш јас сум бил во заблуда, ако не придружете ни се, да излеземе сите масовно да покажеме пркос, да покажеме што мислиме – изјави тој.