БИЗАРНИ ОБИЧАИ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ Удирање на жени со лешови!

Не секоја прослава на љубовта е романтична како сега, а за овие ритуали имало и бизарни верувања.

166

Луперкалиите во Стариот Рим се славеле помеѓу 13 и 15 февруари, а ритуалите кои се изведуваа се во најмала рака бизарни. Во тоа време старите Римјани ги чистеле градовите од злите духови, се правеле ритуали за плодност, но и за здравје.

Еден од ритуалите кои тогаш се изведувале е жртвување на коза или куче и удирање на жените со лешот, ритуал со кој се верува дека се зголемувала плодноста.






„Ритуалите ги правеа пијани и голи. Малдите жени всушност самите бараа од мажите да ги удираат со лешови затоа што веруваа дека тоа ќе ги направи поплодни“, објаснува Ноел Лесер од Универзитетот во Колорадо.

Богот во чија чест биле организирани овие ритуали наречени Луперкалии е богот Луперк, а свештениците кои ги изведуваа се нарекувале „волчји браќа“.

Според легендата Луперкал е пештерата во која волчицата ги доела Ромул и Рем, основачите на Рим.

Некои историски наоди укажуваат на тоа дека за време на овие ритуали се организирала и наградна игра на која се извлекувале имиња на мажи и жени, кои морале заедно да ја поминат ноќта.

Поврзани содржини