ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА ВО ГЕРМАНИЈА РУШАТ РЕКОРДИ „Супер Е10“ вчера чинеше 1,712 евро
Претходниот рекорд поставен на 13 септември 2012 година, кога „суперот“ чинеше 1,709 евро.
Во Германија цената на горивото достигна ново рекордно ниво. Бензинот „супер Е10“ вчера чинеше просечно 1,712 евро, соопшти автомобилскиот клуб АДАЦ.
Тоа е рекордна цена, која го надмина претходниот рекорд поставен на 13 септември 2012 година, кога „суперот“ чинеше 1,709 евро.
Дизелот вчера чинеше 1,640 евро, што е исто така рекорд.
Цената на горивата во Германија бележи речиси постојан пораст во последните месеци.