ПРОНАЈДЕНИ 30 МУМИИ ВО ЕГИПЕТ Биле од времето на македонската династија на Птолемаидите

Отворената некропола е едно од 300-те погребни места откриени околу Мавзолејот на Ага Хан што се наоѓа на врвот на мал рид близу Нил. Но, додека повеќето други гробници се под земја или ископани во карпести ридови, оваа е единствена по тоа што се наоѓа во поголема надземна структура. Тоа можеби значи дека местото веројатно се користело и за жртвување.

362

Истражувачи во Египет пронајдоа 30 мумии на луѓе од различна возраст, меѓу кои и постари лица со артритис, деца и новороденче. Иако сè уште не ја датирале гробницата, научниците веруваат дека се работи за едно семејство кое со векови ги закопувало своите починати во неа и тоа негде во времето на македонската династија на Птолемаидите па сè до времињата на Римската Империја, односно од првиот век пред нашата, до третиот век од нашата ера.

 






Отворената некропола е едно од 300-те погребни места откриени околу Мавзолејот на Ага Хан што се наоѓа на врвот на мал рид близу Нил. Но, додека повеќето други гробници се под земја или ископани во карпести ридови, оваа е единствена по тоа што се наоѓа во поголема надземна структура. Тоа можеби значи дека местото веројатно се користело и за жртвување.

 

– Поради својата местоположба во долината, оваа зграда се чини дека била користена како свето место каде што се принесувале жртви на богот на плодноста Кнум, кој бил особено почитуван во Асван. Кој и посоодветен од него да им обезбеди вечен живот на оние што почиваат во оваа некропола?! – вели Патрисија Пјачентини, египтолог и професорка на Универзитетот во Милано, Италија.

Пјачентини истакна дека допрва треба да ги анализираат наодите за да се утврди нивната старост и другите подробности.

Поврзани содржини