МОЖНО Е НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДА ПРОПУШТАТ ГОЛЕМИ НАТПРЕВАРУВАЊА Ќе се повтори ли сагата со Ѓоковиќ и со други спортски ѕвезди?
Дали НБА ѕвездата Кајри Ирвинг, бекот на Грин Беј Пекерс Арон Роџерс, голферот Брајсон Дешамбо, ѕвездата на Баерн Минхен Џошуа Кимих ќе се вакцинираат?
Сагата со учеството на светскиот број 1 во машкиот тенис, Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, може да се повтори?
Светската лига за сурфање започнува на крајот на овој месец. Првите две натпреварувања се на Хаваи, потоа едно во Португалија и две рунди во Австралија кои ќе се водат во април и мај. Две од најголемите ѕвезди во сурфањето би можеле да се соочат со случај како Србинот.
Легендата Кели Слејтер, која е 11-кратна светска шампионка, како и актуелниот број еден во овој спорт, Габриел Медина, допрва треба да откријат дали се вакцинирани.
Во август, Габриел Медина го одби предлогот на Бразилскиот олимписки комитет за вакцина пред Олимпијадата во Токио, каде што заврши на четвртото место. Но, следниот ден напиша на социјалните мрежи дека вакцините спасуваат животи и наскоро ќе се вакцинира. Сѐ уште не е јасно дали го сторил тоа. Двајцата добија експлицитно предупредување од австралискиот министер за спорт Ричард Колбек дека немаат шанси да влезат во земјата доколку не ги почитуваат правилата.
Познавачите на спортот велат дека домаќинството на Австралија на повеќе големи спортски настани може да создаде проблеми за невакцинираните спортисти.
– Земјата е исто така домаќин на Светското првенство во друмски велосипедизам, Светското првенство во крикет за мажи Т20, Светското првенство во кошарка за жени, Светското првенство за жени во 2023 година, кое ќе се одржи заедно со Нов Зеланд – велат спортските новинари.
Оваа година Австралија повторно ќе биде домаќин на Големата награда на Формула 1 за прв пат од 2019 година, откако трката беше откажана во 2020 година поради пандемијата и во 2021 година поради задолжителниот 14-дневен карантин за странците.
Па така, сите возачи и членови на тимови ќе бидат примени само со вакцини, како што беше случај на последните три Формула 1 трки минатата сезона во Катар, Саудиска Арабија и Абу Даби, каде што пилотите требаше да бидат вакцинирани за да влезат во соодветните земји.
Никој од нив не ги пропушти трките, па поради тоа се очекува да нема драма во најпопуларниот автомото спорт.
Дали НБА ѕвездата Кајри Ирвинг, бекот на Грин Беј Пекерс Арон Роџерс, голферот Брајсон Дешамбо, ѕвездата на Баерн Минхен Џошуа Кимих ќе се вакцинираат?