ИМА ПОВЕЌЕ ПЛАСТИКА ОДОШТО ЦИЦАЧИ Планетата се гуши во смртоносен хемиски коктел

Вкупната маса на пластика сега ја надминува вкупната маса на сите живи цицачи. Тоа е прилично јасен показател за мене дека сме ја преминале границата. Ние сме во неволја, но има работи што можеме да ги направиме за да ја смениме, вели професорката Бетани Карни Алмрот од Универзитетот во Гетеборг.

233

Светот ја премина границата со хемиско загадување и за првпат во 10.000 години е во вистинска опасност од биолошка хаварија. Пластиката, односно 350.000 видови синтетички хемикалии се расфрлани насекаде по планетата. Од Монт Еверест до длабоко во океаните, особено распространети со ПХБ – полихлорираните бифенили, вели студија во Environmental Science and Technology.

Ова може да ги наруши сите екосистеми и биолошки процеси, но и да доведе до изумирање на различни видови животни. Но, уништување на самиот синџир, тоа е уште полошо. На пример, пестицидите уништуваат многу видови инсекти кои се основни за скоро сите познати екосистеми, пренесува Б92.






Има повеќе пластика одошто цицачи

Добро познатите негативни ефекти на некои хемикалии, од екстракција на фосилни горива до нивно истекување во животната средина, беа исто така дел од процената. Научниците признаа дека податоците се ограничени во многу области, но истакнаа дека тежината на доказите укажува на повреда на планетарната граница.

– Постојат докази дека работите одат во погрешна насока на секој чекор – вели Бетани Карни Алмрот, професорката на Универзитетот во Гетеборг.

– На пример, вкупната маса на пластика сега ја надминува вкупната маса на сите живи цицачи. Тоа е прилично јасен показател за мене дека сме ја преминале границата. Ние сме во неволја, но има работи што можеме да ги направиме за да ја смениме – рече таа.

фото: pixabay.com

Произведуваме 50 пати повеќе хемикалии од 50-тите години

– Постои 50-кратно зголемување на хемиското производство од 1950 година, а се предвидува тоа тројно да се зголеми до 2050 година – вели Патриша Виларубија Гомез, истражувачка во Центарот за отпор во Стокхолм (СРЦ), член на тимот што го спроведе проучување.

– Стапката со која компаниите произведуваат и испуштаат нови хемикалии во животната средина не е во согласност со останувањето во безбеден оперативен простор за човештвото – додаде таа.

Научниците рекоа дека некои закани се адресирани во поголема мера, како што се хемикалиите CFC кои ја осиромашуваат озонската обвивка и ја штитат од ултравиолетовите зраци.

Не, не е безбедно да користиме пестициди

Активистите се сè погласни за преземање на мерки против ова на планетарано ниво. Тие бараат да се направи едно тело, или светска институција која ќе раководи со пластиката и со хемиското загадување. Такво тело на пример е Меѓувладиниот панел за климатски промени.

Ова го бараат и самите научници во студијата, но и други научници. На пример, професорот Јан Бојд од Универзитетот Сент Ендрјуз уште во 2017 година предупреди дека претпоставката на регулаторите ширум светот дека е безбедно да се користат пестициди на индустриско ниво е погрешна.

Планетарната граница на хемиско загадување е петта од деветте за кои научниците велат дека се веќе надминати, а останатите се глобално затоплување, уништување на дивите живеалишта, губење на биолошката разновидност и прекумерното загадување со азот и со фосфор.

Поврзани содржини