ДОЕЊЕТО ГИ НАМАЛУВА ШАНСИТЕ ЗА СРЦЕВ И МОЗОЧЕН УДАР Студија спроведена на 1,2 милиони жени ги покажала придобивките од доењето за мајките
Придобивките од мајчиното млеко за бебињата се одамна утврдени, а познато е дека го зајакнува нивниот имунолошки систем и го намалува ризикот од болести. Истражувачите во Австрија тврдат дека доењето може да обезбеди значителен поттик и за здравјето на новите мајки.
Осум студии на 1,2 милиони мајки откриле дека оние кои доеле имаат 14 отсто помали шанси да развијат срцеви заболувања отколку жените кои никогаш не доеле и кои се придржувале до формулата, пишува Дејли Меил.
Прегледот, исто така, покажа дека тие имале 12 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар. Тимот не најде оптимална должина на време за доење за да се намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, но Светската здравствена организација (СЗО) ги советува жените исклучиво да ги дојат новороденчињата шест месеци.
Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.