ПО ГОЛЕМИОТ УСПЕХ СО „ТОМА“ Бјелогрлиќ ќе снима филм за Али Ахмети
Сатирична вест на порталот Кооперација
Филмот за Тома Здравковиќ, кој после емитувањето на МТВ ја подели и така поделената јавност, сепак ќе биде отскочна даска за помирување на македонското општество, затоа што после големиот успех на „Тома“, режисерот Драган Бјелогрлиќ, реши да снима филм за лик кој ги обединува сите граѓани на Нашата Земја – Али Ахмети.
– После Тома барав други инспиративни ликови од Балканот за кои може да се сними филм и сосема случајно излезе името на господинот Али Ахмети. Лично јас отпрвин не знаев точно за кого се работи, но кога ми ја раскажаа неговата животна приказна знаев – тоа е тоа! Има акција, има воен спектакл, има трилер – рече Бјелогрлиќ.
Целата сатирична вест прочитајте ја на следниот ЛИНК.