МЕ ПЦУЕШЕ И МИ СЕ ЗАКАНУВАШЕ Градоначалникот на Јегуновце налетал на нервозен сопственик на фирма

Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор, објаснува градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

1,592

Наместо празнична честитка за Бадник, денескa сум принуден да ве известам за заканите и за уцените со кои се соочувам секој ден, истакна градоначалникот на Општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Костадиноски.

– Вчера во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував, слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум. Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури, односно да ги внесе во деловодникот. Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор. Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше. Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4.000 евра, односно 4 фактури по 1.000 евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот – истакна Костадиноски.






Но, како што додава, управителот на фирмата го пријавил во полиција.

– Управителот на фирмата револтиран ми пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал. Веднаш по увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција. Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишува пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце. Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене. Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури – рече Костадиноски.

Поврзани содржини