ПЧЕЛАР КАЗНЕТ СО 15.000 ЕВРА Неговите пчели каснале охриѓанец кој претрпел физичка и душевна болка
Во пресудата на Основниот суд од Охрид стои дека пчеларот на тужителот е должен да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.
Пчелар од Охрид треба да плати 15.000 евра бидејќи неговите пчели каснале охриѓанец во 2014 година кој според судот претрпел страв и имал физичка и душевна болка, објави СДК.
Во пресудата на Основниот суд од Охрид стои дека пчеларот на тужителот е должен да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.
Според пресудата пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, е виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ бидејќи го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели.
Во образложението на пресудата стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.
На пресудата реагираа од Здружнието на пчелари од Охрид од кое велат дека пресудата е „директен удар врз пчеларите“.Тие бараат Републичкиот судски совет и Министерството за правда да го преиспитаат конкретниот случај и да одговорат дали, како што велат, чувањето пчели преставува високоризична професија и дали со оваа пресуда пчеларите се категоризирани во групата убијци.