ЈА МОЛИМЕ КИНА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ИНВАЗИЈАТА Тајванската претседателка предупреди на катастрофалните последици на војната

Претходно, кинескиот претседател Си Ѓинпинг истакна дека обединувањето на Кина е огроnна желба на народот од двете страни на Тајванскиот Теснец.

1,274

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен испрати порака до влатите во Кина, дека воениот конфликт не е одговор на моменталната состојба во односите на двете страни.

– Мораме да ги потсетиме властите во Пекинг да не направат грешка во проценката на состојбата и да ја спречат експанзијата на воениот авантуризам – изјави Инг-вен.






Таа повтори неколку пати дека Тајван е независна држава и дека е подготвена да ја брани својата сувереност.

Претходно, кинескиот претседател Си Ѓинпинг истакна дека обединувањето на Кина е огроnна желба на народот од двете страни на Тајванскиот Теснец.

– Подготвенисме да тежнееме кон перспективата на мирно обединување, но доколку сепаратистичките сили кои посакуваа независност на Тајван продолжат да нè провоцираат или прејдат некоја од „црвените линии“, тогаш ние ќе бидеме приморани да преземеме одлулни мерки – истакна Џу Фенглиан, од Канцеларијата за тајвански прашања во Пекинг.

Од поголем број на западни извори е наведено дека Кина забрзано се подготвува да изврши воена инвазија врз Тајван, територија која од 1948 година не ја признава власта на Пекинг.

Поврзани содржини