ТИТО НЕ ДОЗВОЛИЛ ДА СЕ УБИЕ ФРАЊО ТУЃМАН Не сакал да го ликвидира за да не завојува со една светска сила

Лопушина вели дека сите забораваме еден многу важен факт, а тоа е дека Америка беше финансиски господар на комунистичката Југославија.

2,175

Според зборовите на писателот и новинар Марко Лопушина, постои само една сериозна причина поради којашто Јосип Броз Тито не ѝ дозволил на Управата за државна безбедност (УДБ-а) да го елиминиира Фрањо Туѓман.

– Тито не даде дозвола да се убие Фрањо Туѓман поради тоа што знаеше дека е човек близок на Американците. Не сакаше да завојува со Американците на таков начин. Од друга страна, Туѓман не бил опасен додека бил во емиграција. Туѓман се претставувал како професор и држел предавања за пропаста на комунизмот. И сето тоа го правел човек кој бил комунист, генерал, го водел спортското друштво Партизан, ирал тенис во Партизан – рекол Лопушина.






Тој вели дека Туѓман станал првиот противник на Југославија во моментот кога пристигнал во Загреб.

– А кој го испратил во Загреб? Го испратиле Американците. Америка, заедно со Германија, го изведе растурањето на Југославија. Тие беа убедени дека Србите се главниот фактор за кохезија и за опстанокот на Југославија, па затоа тргнаа против Србите – истакнал Лопушина во интервју за Балкан инфо, пренесува Мондо.

Лопушина вели дека сите забораваме еден многу важен факт, а тоа е дека Америка беше финансиски господар на комунистичката Југославија.

– Сите наши долгови кои надминуваа 20 милијарди долари беа исплаќани од страна на Америка. Америка нè финансираше. Токму затоа ние бевме Америка помеѓу комунистичките земји во источна Европа – истакнал Лопушина.

Новинарот Мирослав Лазански, пак, открива дека многу малку недостигало Туѓман да загине во 1991 година.

Како што објаснува, сè било одиграно на 7 октомври 1991 година кога авионите на ЈНА го бомбардираа Банскиот дворец во Загреб, каде што беше седиштето на Владата на Република Хрватска.

– Ништо не беше наместно и сè се случи онака како што се случи. Банскиот дворец навистина беше бомбардиран. Знам како течеше целата операција. Со години и јас верував дека Хрватите го наместија сето тоа, но не беше така. Недостигаа само 38 секунди за да бидат убиени Фрањо Туѓман и Анте Марковиќ. Ракетата доцнеше 38 секунди – открил Лазански уште во 2013 година.

Поврзани содржини