ОД ИГРАЧКА, ПЛАЧКА Освен за физички повреди, петардите се причина и за други трауми, кај милениците дури и за смрт

За бебињата петардите се извор на огромен стрес, кај малите деца и оние со аутизам се извор на страв, може да ги зголемат веќе постоечките проблеми и нарушувања на пациентите поврзани со срцето, респираторниот и нервниот систем, а кај домашните миленици може да се причина дури и за смрт.

254

Иако ни се познати негативните ефекти од пиротехничките средства, прославите околу новогодишните празници се познати по нивните звуци. И покрај тоа што се нелегални за продавање, петардите се сепак  лесно достапни, што  ни зборува дека ниту возрасните, ниту децата ја немаат согледано опасноста од нив.

Првата опасност од пиротехничките средства се изгорениците и повредите, особено кај децата, па она што прво ни поминува низ глава кога зборуваме за повреди од петарди, се повредите на екстремитетите.






Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини