23 ГОДИНИ ПО РАЗВОДОТ СЕ ВРАЌА ДА Ѝ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ Првиот сопруг на Џеј Ло има пеколен план (ФОТО)
Нивниот брак траеше една година - од 1997 до 1998 година, но нејзиниот адвокатски тим сè уште го следи секој негов потег.
Бидејќи и покрај емотивните сломови често нагласуваше дека верува во љубов и брак, Џенифер Лопез три пати му даваше шанса на брачниот живот, а првиот човек на кој латино дивата му кажа „да“ беше Оџани Ноа.
Џеј Ло и згодниот Кубанец во февруари 1997 година застанаа пред олтарот, а тој во тој период беше келнер, по што започна не многу успешна актерска и продукциска кариера во Холивуд. Нивниот брак траеше една година – од 1997 до 1998 година, но нејзиниот адвокатски тим сè уште го следи секој негов потег.
View this post on Instagram
Тој денес се занимава со промоција на здрав начин на живот и се фали со своето мускулесто тело на социјалните мрежи, но сепак не го заборава бракот со една од најпознатите жени на планетата. Иако по разводот кој наводно поминала спогодбено, пејачката го вработила поранешниот сопруг како менаџер на нејзиниот ресторан „Мадрес“, а откако го отпуштила тој неколкупати се обидел да даде детали за нивната врска. Во една прилика за еден таблоид изјавил дека Џенифер е „современа ладнокрвна Елизабет Тејлор, вљубена во себе“, но главно секогаш Оџани се обидувал да проговори за неа, адвокатскиот тим на музичката ѕвезда го спречувал во тоа. По разводот имал план да објави книга за бракот со Лопез, но пејачката го тужела во 2006 година и го спречила во тоа. Сега, сепак, поранешниот сопруг на Џенифер се подготвува да оди чекор понатаму: тој наводно има експлицитни снимки од латино дивата и планира да ги објави.
View this post on Instagram
Покрај експлитицните снимки, постојат наводни снимки на кои Џенифер се расправа со нејзината мајка.
Инаку, Џенифер Лопез е рекордерка во бројот на пропаднати бракови. Латино дивата навидум има сѐ во животот, но во љубовта нема среќа.