ЖУГИЌ Е РЕНОМИРАНА АКТЕРКА СО ИМПОЗАНТНА БИОГРАФИЈА Кадар каков што му треба на МКЦ
Јелена Жугиќ е истакнат македонски актер, реномиран првенец на Театар Комедија. Жугиќ има добиено награда за најдобар млад глумец во 1996 година, а во 1997 година на Националниот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп награда за најдобра глумечка креација. Награда од истиот тип добива и во 2001 година. Жугиќ има добиено и награди како Златна Бубамара на популарноста во 2009 година, како и награди за најдобра женска улога во 2011 и 2012 година од страна на Националниот театарски фестивал Војдан Чернодрински, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ испратија реакција на обвинувањата на СДСМ, од каде, пак, претходно објавија дека актерката Јелена Жугиќ не смее да биде именувана за член на Управниот одбор на МКЦ, бидејќи беше дел од режимот на Никола Груевски.
– Јелена Жугиќ е истакнат македонски актер, реномиран првенец на Театар Комедија. Жугиќ има добиено награда за најдобар млад глумец во 1996 година, а во 1997 година на Националниот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп награда за најдобра глумечка креација. Награда од истиот тип добива и во 2001 година. Жугиќ има добиено и награди како Златна Бубамара на популарноста во 2009 година, како и награди за најдобра женска улога во 2011 и 2012 година од страна на Националниот театарски фестивал Војдан Чернодрински. Таа има голем број на филмски и театарски улоги. И е човек со импозантна биографија -порачаа од ВРМО-ДПМНЕ.