СЕ ОМАЖИ ЗА ДРВО ПРЕД ТРИ ГОДИНИ Тврди дека љубовта никогаш не била посилна, а со него ќе биде за Божиќ (ВИДЕО)

Луѓето постојано ме задеваат и испрашуваат за мојот брак со дрвото. Ме прашуваат „дали бракот ти го промени животот на подобро?“, а јас накратко одговарам, да и тоа како, вели Кејт.

709

Мајката на две деца од Велика Британија, 37-годишната Кејт Канингем, пред три години со едно дрво „заплови во брачните води“ и го смени моминското презиме. Семејството и пријателите присуствуваа на свадбената церемонија на Кејт и дрвото во парк во Мерсисајд, северозападна Англија.

Кејт се реши на овој чекор со цел да ја подигне свеста во заедницата за потребата од борба против најавената изградба на нова обиколница во Ливерпул. Имено, тоа би значело дека поголемиот дел од шумата, во близина на таа обиколница, би бил исечен.






Според неа, луѓето од околината и даваат поддршка и веруваат дека постапила правилно.

– На почетокот мојот постар син беше засрамен кога му кажав дека ќе го направам тоа, но сепак реши да дојде на церемонијата. Многу му значеше да биде присутен – вели Кејт.

Таа веќе три години е во, како што вели, среќен брак со дрво и истакнува дека љубовта никогаш не била посилна.

– Луѓето постојано ме задеваат и испрашуваат за мојот брак со дрвото. Ме прашуваат „дали бракот ти го промени животот на подобро?“, а јас накратко одговарам, да и тоа како – вели оваа жена.

Кејт го посетува својот „сопруг“ пет пати неделно и го украсува за Нова година со венец, светки и мониста.

Таа истакна дека за Божиќ ќе го остави семејството дома, а времето ќе го помине со својот „сопруг“.

– Мислам дека нема ништо лошо во тоа. Ова ќе покаже колку сум сериозна и пожртвувана – заклучи Кејт.

Поврзани содржини