13 ПОЧИНАТИ, 335 ЗАБОЛЕНИ Петмина починале од корона дома
Досега во земјава се дијагностицирани 221.744 лица со ковид-19, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.
Тринаесет починати и 335 заболени од ковид-19, се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 3.543 тестирања, а новите случаи се од Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид по 10, Куманово и Гевгелија по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод по 1.
Регистрирани сe 515 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица во болнички услови: 3 починати лица од Скопје (68, 72 и 74) и по едно починато лице од Битола (55), Крушево (68), Куманово (61), Прилеп (75) и Охрид (78).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во во домашни услови во периодот од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66 до 87.
Досега во земјава се дијагностицирани 221.744 лица со ковид-19, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.