РЕВОЛУЦИОНЕР, БОРЕЦ, ДОАЈЕН НА МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО 99 години од раѓањето на Јасмин

Учествувал во формирањето на партизанскиот одред “Добри Даскалов“ и баталјонот “Страшо Пинџур“, а во декември 1943 година бил заменик политички комесар на Втората македонска ударна бригада. По војната ги уредувал весниците “Социјалистичка зора“ и “Партиски живот“. Во 1952 година  бил избран за пратеник во Собранието на СФРЈ, а бил и главен и одговорен уредник на весникот “Нова Македонија“.

577

Кавадарци денеска одбележува 99 години од раѓањето на Мито Хаџивасилев – Јасмин, револуционер, публицист и политичар. Уредувал неколку весници.

Историчарот Петре Камчевски потсетува дека Хаџивасилев бил роден на 21 декември 1922 година во Кавадарци.






– Во родниот град завршил основно образование и нижа гимназија, а гимназија во Битола. Во 1937 година станал член на СКОЈ, а во 1940 член на КПЈ. Се запишал на Правниот факултет, но отпочнувањето на војната го спречила да го продолжи образованието. Јасмин е еден од најактивните организатори на НО движење во Тиквешијата. Учествувал во формирањето на првиот партизански одред во Тиквешијата во 1941 година и ја читал партизанската заклетва, а истата година станал и член на МК на КПЈ за Кавадарци, а бил и секретар на МК на СКОЈ во Кавадарци – информира Камчевски.

Во 1942 година  ги уредувал весниците „Воено комунике“ и „Политички листок“.

– Учествувал во формирањето на партизанскиот одред “Добри Даскалов“ и баталјонот “Страшо Пинџур“, а во декември 1943 година бил заменик политички комесар на Втората македонска ударна бригада. По војната ги уредувал весниците “Социјалистичка зора“ и “Партиски живот“. Во 1952 година  бил избран за пратеник во Собранието на СФРЈ, а бил и главен и одговорен уредник на весникот “Нова Македонија“. Во мај 1967 година Јасмин бил избран за претседател на Собранието на Р. Македонија, а на таа функција го затекнува и смртта на 1 август 1968 година – вели Камчевски.

Напишал и објавил голем број на трудови меѓу кои, “Одраз израз“, “Противречностите на социјализмот“, “Свртени кон човекот“, “Социјалистичка распределба спрема трудот“, “Голема историска пресвртница“ и многу други.

Поврзани содржини