КАВАДАРЦИ БЛЕСНА ВО НОВОГОДИШЕН СЈАЈ Јанчев вели дека градот е украсен како никогаш досега (ВИДЕО)

Имаме и Божиќен пазар во украсени куќарки, каде кавадарчани ќе можат да навраќаат да се стоплат или освежат со некој пијалок, храна, но и да купат по некој новогодишен украс, вели Јанчев.

1,326

Првиот човек на општина Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук профил сподели видео во кое вели дека градот блесна со новогодишен сјај и дека е украсен како никогаш досега.

– На плоштадот и низ улиците може да се види новогодишната декорација со нови украси, новогодишна елка и осветлување со кои се чувствува празничната атмосфера. Имаме и Божиќен пазар во украсени куќарки, каде кавадарчани ќе можат да навраќаат да се стоплат или освежат со некој пијалок, храна, но и да купат по некој новогодишен украс – вели Јанчев.






Тој додава дека новата година чука на вратата, па затоа може кавадарчани се подготват за празнично расположение во кое се добредојдени сите и да уживаат во звуците на најубавите новогодишни и божиќни песни.

– Повелете од 25 декември на градски плоштад Кавадарци. Ве чекаме заедно да уживаме. Со љубов за Кавадарци! – порача градоначалникот.

Поврзани содржини