ТИТО НИ ГИ МЕНУВАШЕ СРПСКИТЕ ПРЕЗИМИЊА СО -ИЌ ВО -СКИ Животната приказна на Бошко Ѓуровски

Тито и неговите соработници вршеа притисок врз народот да земе презиме од некој свој предок, а на крајот да додаде-ски наместо-иќ. Па така, прадедо ми беше Ѓуро и тогаш моето семејство го прифати презимето Ѓуровски по него, вели познатиот капитен на „Црвена ѕвезда“, по потекло тетовец од село Жилче.

9,990

„Нашето првобитно презиме по татко ни беше Стојановиќ, а по мајка бев Петровиќ. Тоа презиме Стојановиќ го носел дедо ми Никола. Кога моите дојдоа во Македонија, тогаш се случија некои работи … како да ти објаснам … Така беше во тоа време … Тито и неговите соработници вршеа притисок врз народот да земе презиме од некој свој предок, а на крајот да додаде -ски наместо -иќ. Па така, прадедо ми беше Ѓуро и тогаш моето семејство го прифати презимето Ѓуровски по него.

Почнав да играм фудбал во тетовскиот клуб „Тетекс“. Бев пријавен како пионер и имавме турнир во Земун. Имав 12 години. Инаку, во дворот станав фудбалер. (Брати ми) Милко и јас научивме координација играјќи фудбал на мраз како деца. Дубочица, Трепча, Брегалница, Тетово, Штип … Сите дојдовме во Земун. Нè видоа извидниците на „Црвена ѕвезда“ Милољуб Остојиќ, Милован Ѓориќ и легендарниот Бора Костиќ. Плус, вујко ми што остана да живее во Белград беше со мене и Милко на тој турнир и нè препорача на луѓе од „Ѕвезда“. И нè видоа и тогаш Ѓориќ му рече на вујко ми да дојде, но на проба во мај, дури кога ќе го завршам училиштето“.






Вака зборува легендарниот Бошко Ѓуровски, тренер на „Црвена ѕвезда“, по потекло тетовец од Жилче за презимињата и за времето на Тито во негово интервју за српски Курир. Целиот разговор можете да го прочитате ОВДЕ.

Поврзани содржини