САКАТЕ ДА СЕ ПАРКИРАТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ Еве каде е најскапо, а каде најевтино паркирањето
Воедно, жителите на центарот во повеќето европски метрополи имаат повластен тарифник во однос на нивната адреса на живеење, а интересно е што во 6 од 48 градови, паркирањето во центарот е бесплатно за жителите.
Каде е најскапо, а каде најевтино паркирање
Жителите на Лондон треба да трошат најмногу пари за паркирање, а најмалку возачите во Ереван, главниот град на Ерменија.
Најдобар пример за тоа колку е скапо паркирањето на час во некои европски градови е главниот град на Велика Британија, каде цената на час е и до 9,9 евра.
Во Лисабон, на пример, плаќате 3 евра за еден час паркирање во центарот, а во главниот град на Франција, Париз е двојно поскапо од Лисабон, но и двојно поевтино од Лондон – 6 евра.
Најевтин град на листата е Ереван, главниот град на Ерменија, каде еден час паркирање во регулирана зона во центарот чини само 0,18 евра.
Воедно, жителите на центарот во повеќето европски метрополи имаат повластен тарифник во однос на нивната адреса на живеење, а интересно е што во 6 од 48 градови, паркирањето во центарот е бесплатно за жителите.
Топ 10: Градови со најскап паркинг
Цени за еден час паркирање во центарот на градот:
Лондон 9,90 евра
Осло 7,50 евра
Амстердам 7,50 евра
Париз 6 евра
Цирих 5,71 евра
Копенхаген 5,24 евра
Рига 5 евра
Стокхолм 4,96 евра
Хелсинки 4 евра
Даблин 3,20 евра