НОВ XIAOMI STORE ВО СКОПЈЕ Специјални промоции за најбрзите фанови!
Xiaomi подготви специјални промоции и големи изненадувања за сите фанови и купувачи кои ќе бидат дел од големиот настан, а ќе важат единствено на денот на отворањето.
Глобалниот технолошки лидер Xiaomi утре во 11 часот го отвора новиот и прв Xiaomi Store на атрактивна локација во приземјето на Градскиот трговски центар во друштво на високи претставници на Xiaomi.
Xiaomi подготви специјални промоции и големи изненадувања за сите фанови и купувачи кои ќе бидат дел од големиот настан, а ќе важат единствено на денот на отворањето.
Ова е одлична можност за најбрзите купувачи да станат сопственици на најнови Xiaomi производи: 1+1 гратис – за првите 10 фанови и специјални попусти за Xiaomi 11 LITE 5G, MERCEDES AMG PETRONAS F1 PRO, XIAOMI ROBOT VACUUM-M.
Како и останатите илјадници продавници во светот, и новиот Xiaomi Store во Скопје ќе биде дом на врвната Xiaomi и Redmi мобилна технологија, паметни уреди за домот, телевизори, аудио и видео опрема, како и лајфстајл производи за секаква намена.
Настанот за отворање на новата продавница ќе биде одржан согласно протоколите, почитувајќи ги препораките и мерките за претпазливост. Тимот и вработените во новиот Xiaomi Store ќе дистриубираат маски и средство за дезинфекција, а бројот на лица кои ќе бидат присутни во продавницата ќе биде ограничен.
Бидете дел од големото отворање, посетете ја новата Xiaomi Store и искористете ги промоциите!
Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010та година и котирана на Главниот одбор на берзата во Хонг Конг на 9 јули 2018 година (1810.HK). Xiaomi е компанија за потрошувачка на електроника и паметно производство со примарен фокус на паметни телефони, паметен хардвер и платформа за Интернет на нештата (IoT).
Со еднаков акцент на иновациите и квалитетот, Xiaomi континуирано цели кон висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради врвни производи со реални цени, за да им овозможи на сите во светот да уживаат во подобар живот преку користење на иновативна технологија.
Од вториот квартал на 2021 година, Xiaomi се искачи на второ место како бренд на паметни телефони на глобалниот пазар на паметни телефони. Компанијата, исто така, ја воспостави водечката светска платформа за потрошувачи AIoT (AI+IoT), со над 374,5 милиони паметни уреди поврзани на нејзината платформа, не вклучувајќи ги паметните телефони и лаптопи. Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2021 година, компанијата по трет пат се најде на листата на Fortune Global 500, рангирајќи на 338-то место, што е раст од 84 места во споредба со 2020 година.