СПОРОТ СО БУГАРИЈА Е НОВОСОЗДАДЕН Мицкоски смета дека е резултат на ветувањата на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Зоран Заев кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе.

673

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист”, вели дека спорот со Бугарија е новонастанат бидејќи премиерот Зоран Заев ветувал премногу знаејќи дека тоа е штетно за Македонија и не е во состојба да го испорача.

– Овој спор е новосоздаден и е исклучиво последица на тоа што Заев ветуваше премногу на Бугарија, иако знаејќи дека тоа е штетно за Македонија и не е во состојба да го испорача. И во тој контекст немаме право да се бунтуваме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, но она што навистина боли е што нашата држава ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада. Премиерот кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе. Токму затоа се служи со измами кон соседите, но најважно таквите измами се кон сопствениот народ. Нашите црвени линии се составени во резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе а со консензус беше изгласана во собранието а која ја содржи потребата за почитување на нашата посебност и јазичен идентитет – вели Мицкоски.






Во врска со договорот со Грција кој го потпиша владата на Зоран Заев и со кој се промени името на државата, рече дека имал огромни забелешки во врска со носењето на тој договор и не го поддржал, бидејќи од денешна перспектива таа реалност која ја донесе Зоран Заев не ѝ донесе подобри времиња на Република Македонија.

Поврзани содржини