ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ПЕТ ЖЕНИ ВО КУМАНОВО Се степале поради семејни проблеми
Од Центарот за социјални работи негираа дека во нивните простории се случила тепачка. Оттаму велат дека инцидентот се случил пред блиското училиште и дека станувало збор за странки кои откако излегле од Центарот се спречкале поради семејни ситуации.
Повеќе женски лица вчера физички се пресметале во Куманово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР), пренесе порталот „Кумановски муабети“.
– Вчера во 11.18 часот во СВР Куманово, 35-годишната Ј.И. од Куманово пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од 22-годишната Л.А. од Куманово – велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39) и В.И.(18), од една страна и Л.А.(22) и К.А.(51), од друга страна, сите од Куманово.
Од Центарот за социјални работи негираа дека во нивните простории се случила тепачка. Оттаму велат дека инцидентот се случил пред блиското училиште и дека станувало збор за странки кои откако излегле од Центарот се спречкале поради семејни ситуации.
На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.