ТЕЦ НЕГОТИНО ИМА МАЗУТ ЗА САМО УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ Ќе има ли кој да обезбеди доволно на најавениот тендер?

Ако има потреба ќе биде вклучен и вториот котел од термоцентралата за да се обезбедат потребните количини, велат од ТЕЦ Неготино за Сител.

2,272

Македонија има резерви на мазут за само еден месец да ја покрие работата на ТЕЦ Неготино и тоа само на еден котел.

Оттаму за Сител велат дека вкупните количини со кои располага нашата држава се околу 17.000 тони мазут – дел се од стоковите резерви, дел од ТЕЦ Неготино. Затоа за десетина дена ќе биде распишан повик за набавка на мазут, за да може да се активира термоцентралата. Ќе биде рамковна спогодба за шест месеци. Ќе се бараат фирми кои ќе може да испорачаат количини мазут за да може да работи само едне котел.






За да се активира и вториот неопходни се над 30.000 тони мазут месечно.

– За почеток ќе биде вклучен само еден котел од термоцентралата со капацитет од 90 мегавати. Се очекува ТЕЦ Неготино со работа да почне кон средината на ноември. Но во координација со ЕСМ постојано ќе се следи работата на РЕК Битола. Ако има потреба ќе биде вклучен и вториот котел од термоцентралата за да се обезбедат потребните количини – велат од ТЕЦ Неготино.

Во меѓувреме, дел од фирмите кои се занимаваат со трговија на мазут и еуродизел немаат резервоари за складирање, поради што РКЕ одлучи да им ги одземе лиценците.

Поврзани содржини