САША КОВАЧЕВИЌ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС Пред 15 дена одржал концерт во Словенија
Пред 15 дена Саша одржал концерт со хрватската колешка Јелена Розга во Словенија, по што отпатувал во Грција кај својот брат.
Кога по неколку дена ги почувствувал првите симптоми, Саша Ковачевиќ се тестирал, а резултатот бил позитивен, додека неговиот брат Раде бил негативен на вирусот.
Пред 15 дена Саша одржал концерт со хрватската колешка Јелена Розга во Словенија, по што отпатувал во Грција кај својот брат. По неколку дена ги почувствувал првите симптоми и веднаш се тестирал.
Закажаните проекти и снимања во Грција веднаш биле прекинати, а Саша набрзо се вратил во Белград и моментално е во изолација. Саша засега се чувствува добро, потврдиле од ПР-тимот на Саша Ковачевиќ.
– Точно е дека Саша е позитивен. Направивме голема грешка што им дозволивме на фановите да се фотографираат со Саша по концертот. Сепак, не можевме однапред да знаеме дека Саша ќе биде позитивен на вирусот, но сега се чувствува добро – изјавија од ПР тимот на популарниот пејач.
ФОТО: Инстаграм