ТАКСИ ВОЗАЧ НАЈДЕ ПАРИЧНИК ПОЛН СО ПАРИ Неговата постапка е за пофалба, а тој порача дека не му треба награда (ВИДЕО)

Паричникот содржел 710 конвертибилни марки, 140 евра, 100 долари и 2.500 шведски круни, пишува Аваз.

1,431

Таксист од Сараево покажа дека сѐ уште има чесни луѓе. Сеидин Капо најде паричник со голема сума пари и не се двоумеше ниту за момент што да направи.

Капо веднаш го известил полицискиот оддел Ново Сараево за паричникот во кој имало документи и пари во различни валути.






Паричникот содржел 710 конвертибилни марки, 140 евра, 100 долари и 2.500 шведски круни, пишува Аваз.

– Дојдов во автобус за да го испратам роднината кој патуваше за Санџак. Внатре најдов паричник. Во него имаше лична карта, билет за јавен превоз и пари. Ја известив полицијата да го земе паричникот – вели Капо.

Според него, би сакал да се сретне со дамата која го загубила паричникот, но посочува дека не му треба никаква награда.

– Мило ми е што го најдов паричникот. Жената можеби отишла на лекар, кој знае. Некој друг можел да го најде. Живеам од чесна работа, не ми треба арам пара – заклучи Капо.

Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на КС, за Аваз изјави дека полицијата го пронашла сопственикот на паричникот.

– Во моментов се предаваат документите и парите. Дамата потврди дека сумата е комплетна – рече Хаџиабдиќ.

Поврзани содржини