ЗАГИНАА 50 ЛУЃЕ ВО АВГАНИСТАН Момче активирало експлозив во џамија
Новинарот на Си-Би-Ес, Ахманд Мукхтар, повикувајќи се на неименуван локален извор, на Твитер објави дека момче го активирало експлозивот што го носел на себе во џамијата.
При експлозија во џамија во авганистанскиот град Кундуз загинаа најмалку 50 луѓе, а голем број се повредени.
Инцидентот се случи во џамија што ја користат шиитските муслимани. Новинарот на Си-Би-Ес, Ахманд Мукхтар, повикувајќи се на неименуван локален извор, на Твитер објави дека момче го активирало експлозивот што го носел на себе во џамијата.
Огранокот на Лекари без граници во Авганистан соопшти дека во болница се донесени 90 повредени лица.
Засега никој не презел одговорност за нападот.