МИЛИОНЕРСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ТЕТОВО И ВО НОВО СЕЛО На двајца играчи им се насмевна среќата

Двајцата играчи во изминатава недела освоија вкупно 3,2 милиони денари.

361

Милионер џек пот им приреди изненадување на двајца наши играчи во изминатава недела. Благодарение на оваа добивка, на нивните сметки легнаа вкупно 3,2 милиони денари.

Првиот добитник А.Т. е од Ново Село, а среќата му се случи на 22 септември, само неколку минути пред полноќ. Неговиот Милионер џек пот изнесува 1.648.624 денари. Среќната добивка е освоена во „Вамико бет“ во Ново Село.






Не е многу помала сумата која го израдува и вториот среќлија М.Х. на 25 септември во Тетово. Добивката изнесува 1.553.639 денари. Милионер џек пот добивката е освоена во „Делта бет доо Моцарт“ во Тетово.

Во исчекување на нов „земјотрес“ со најголемата добивка Супер милионер џек пот, која може да има вредност и до 12.000.000 денари, Државната видеолотарија Касинос Австрија се радува на сите добитници и на Милионер џек пот (1.200.000-1.800.000 денари) и на Мини џек пот (4.000-5.000 денари).

Поврзани содржини