ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,9 СТЕПЕНИ ЈА СТРЕСЕ АЛБАНИЈА Потресот почувствуван во Дебар
Потресот беше во 16.4 часот, со епицентар на шест километри од градот Клос, односно 24 километри североисточно од Тирана, а е почувствуван во Круја, Тирана, Пешкопеја и други градови во Албанија.
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, попладнево е регистриран во североисточниот дел на Албанија.
Потресот беше во 16.4 часот, со епицентар на шест километри од градот Клос, односно 24 километри североисточно од Тирана, а е почувствуван во Круја, Тирана, Пешкопеја и други градови во Албанија.
Потрес со послаб интензитет беше почувствуван и во западниот дел на Македонија, посебно во дебарскиот регион.
На денешен ден пред две години и во исто време (16.5 часот) имаше потрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во подрачјето на Драч, а според официјалниот биланс, оштетени беа над 1.500 куќи, станбени згради и училишта, главно во областа Драч, каде што беше епицентар, но и во Тирана.
По два месеца, на 26 ноември 2019 Албанија ја погоди катастрофален земјотрес, со јачина од 6,4 степени, со епицентар во подрачјето на Драч, во кој животот го загубија 50 лица, околу 2.000 беа повредени а метеријаланата штета беше проценета а 1,2 милијарди евра.