„ФАЈЗЕР“ СООПШТИ СУПЕР ВЕСТ Вакцината е високо ефикасна и кај децата од 5 до 11 години
Ако регулаторниот преглед помине без проблеми, тоа ќе значи дека милиони ученици од основно училиште би можеле да се вакцинираат пред Ноќта на вештерките, последниот ден од октомври.
Вакцината против коронавирус на „Фајзер“ се покажа како безбедна и високо ефикасна кај малите деца на возраст од 5 до 11 години, објави компанијата рано утринава. Оваа информација треба да им ја олесни грижата на родителите и на наставниците за заштитата кај нивните деца, пренесува Блиц.
Потребата за вакцина во САД е итна, дури еден од пет нови случаи на инфекција е кај деца, а многу заразната варијанта делта испрати повеќе деца во болница во изминатите неколку недели од кога било досега.
„Фајзер“ планира да аплицира до американската Агенција за храна и лекови до крајот на месецот за дозвола за користење на вакцината кај деца.
Ако регулаторниот преглед помине без проблеми, тоа ќе значи дека милиони ученици од основно училиште би можеле да се вакцинираат пред Ноќта на вештерките, последниот ден од октомври.
– Резултатите од тестовите за деца под 5-годишна возраст не се очекуваат пред четвртиот квартал оваа година – изјави доктор Бил Грубер, виш потпретседател на „Фајзер“, воедно и педијатар.
„Фајзер“ ги објави резултатите во текст кој не содржи детални податоци од истражувањето, а наодите сè уште не се прегледани или објавени во научно списание.
Сепак, новите резултати се идентични со оние што се забележани кај постарите деца и кај возрасните, велат експертите.