И ЈАВНО И ПРИВАТНО, СИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ Италија ќе го казнува секој невакциниран работник со 1.500 евра

Работникот кој нема да може да презентира важечки здравствен сертификат ќе биде суспендиран без да зема плата, но не смее да биде отпуштен. Оние што ќе ја игнорираат уредбата и ќе доаѓаат на работа без ковид-потврда, ќе бидат казнети со казна од 600 до 1.500 евра, пишува Ројтерс, кој имаше увид во нацрт-мерките.

1,070

Едни од најстрогите ковид-мерки во светот во моментов воведе вчера Италија, барајќи сите вработени граѓани и во јавниот и во приватниот сектор да имаат потврда дека се вакцинирани, дознава Индекс. Казните за невакцинираните ќе бидат и до 1500 евра, а целта, според италијанската Влада, е да се поттикне вакцинацијата.

Нема отпуштања, туку казни од 600 до 1.500 евра






Работникот кој нема да може да презентира важечки здравствен сертификат ќе биде суспендиран без да зема плата, но не смее да биде отпуштен. Оние што ќе ја игнорираат уредбата и ќе доаѓаат на работа без ковид-потврда, ќе бидат казнети со казна од 600 до 1.500 евра, пишува Ројтерс, кој имаше увид во нацрт-мерките.

Иако некои земји од ЕУ наредија здравствените работници да се вакцинираат, ниту една пред Италија не утврди дека сертификатот за ковид е задолжителен за сите работници.

Идејата за ковид-сертификат првично беше поврзана со патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува на места како музеи, спортски сали и ентериери на ресторани.

Партиите и работодавците ги поддржуваат мерките

Иако во последните недели имаше протести против ковид-мерките, повеќето политички партии, како и главните здруженија на работодавци ги поддржаа новите правила со надеж дека нема да има дополнително затворање на економијата.

Лидерите на синдикатите,пак, се помалку склони кон новите ограничувања и веруваат дека оние кои не сакаат да се вакцинираат мора да ги добијат своите ПЦР-тестови бесплатно за да стигнат на работа.

Италија, по Британија, има најмногу смртни случаи позитивни на коронавирус во Европа, повеќе од 130.000 од почетокот на пандемијата.

Околу 73 отсто од 60-те милиони Италијанци примиле барем една доза, а 68 отсто се целосно вакцинирани.

Противниците на ковид-пасошот тврдат дека овој документ, како задолжителен, ги крши слободите на граѓаните и силно сака да воведе присилна вакцинација. Неколку европски земји го користат здравствениот сертификат за рекреативни активности и патувања, но ниту една не го прогласи за задолжителен за сите работници во јавниот или приватниот сектор.

Одобрена трета доза за ранливите групи

Италијанската медицинска агенција АИФА минатата недела објави дека ја одобрила ревакцинацијата со трета доза од вакцината против коронавирусот за ранливите групи на населението.

Агенцијата одобри таканаречена засилувачка вакцина за сите оние кои најверојатно ќе имаат послаба заштита по примањето на редовните две дози од вакцината – имунокомпромитираните луѓе постари од 80 години и жителите на старечките домови.

Исто така, одобрена е ревакцинација со трета доза за сите здравствени работници кои често се изложени на можноста да се заразат со коронавирус.

Поврзани содржини