ДАВИТКОВСКИ ТВРДИ ДЕКА НЕ ФУНКЦИОНИРААТ ИНСТИТУЦИИТЕ Нема демократија во државата, ако ја нема во партиите
Нашите институции се сервисно ориентирани кон власта. Треба да се ориентирани кон граѓаните. Секоја институција сама треба да функционира, согласно законот, да бидат сервис на граѓаните.
Не ни функционираат институциите. Ние немаме вистинска демократија, затоа што нема демократија во самите партии. Оној кој ја има власта мисли дека располага со се, смета универзитетскиот професор Борче Давитковски.
Според Давитковски, не се почитува ниту скалата на напредување на административците, а ветингот не функционира.
– Нашите институции служат сервисно ориентирани кон власта. Треба да се ориентирани кон граѓаните. Секоја институција сама треба да функционира, согласно законот, да бидат сервис на граѓаните. Оној кој ќе влезе во администрација се додека тоа не го разбере, попусто. Да направиме ветинг, да земеме за секое ниво едно тестирање. Имаме парадокс пред 10-тина години, најдобрите кои имаат над 30 години стаж, требаше да се раководители на сектор, државен советник, а тие беа во втора група, а тие што беа по 3-4 години во администрацијата, го заземаа нивното место. Скалата мора да се помине“ – вели Борче Давитковски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.