ФИЛИПЧЕ ОДЛУЧИ ДА ЗАМИНЕ ПО ТЕТОВСКАТА ТРАГЕДИЈА Како лекар и како министер понудив оставка кај премиерот ВИДЕО

Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, жалам за загинатите, сочувствувам со семејствата, нема зборови тоа да се опише и да се надомести загубата, рече Филипче.

1,639

Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка по трагедијата предизвикана од пожарот кој се случи пред два дена во тетовската модуларна болница и кој одзеде 15 животи.

– Пред година и пол го регистриравме првиот ковид случај, го паметам тој ден имавме две прес-конференции од оваа иста говорница, од тој ден секогаш стоев отворено и транспарентно соопштувајќи ги добрите и лоши вести. Никогаш не бегав од критика, не должев одговор, правев се да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесовме беа со една единствена цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, жалам за загинатите, сочувствувам со семејствата, нема зборови тоа да се опише и да се надомести загубата. Како лекар и како министер имам интегритет и од морални причини понудив пишана оставка од премиерот Зоран Заев – рече Филипче.






Тој им се заблагодари на сите кои соработувале со него за време на неговото министерување и во периодот на пандемијата, особено на претставниците на медиумите, за, како што рече, нивната транспарентност и поддршка.

Поврзани содржини