ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ПОЛСКА Лукашенко намерно провоцира со мигрантите

Полска е подготвена за било какви „провокации“. Една таква провокација би можела да биде големата воена вежба која за осум дена заедно ќе ја спроведат Русија и Белорусија и тоа токму на границата со Полска. Се смета дека илјадници руски и белоруски војници ќе прават маневри со тенкови, артилерија и со авиони под мотото „Запад-2021“.

914

Полскиот претседател итно прогласи вонредна состојба на границата на неговата земја со Белорусија, заради „хибридната војна“ со мигранти која ја води белорускиот претседател Лукашенко, дознава МИА. За еден месец во Полска сакале да влезат 3.500 мигранти од Авганистан и Ирак, а властите го обвинија Лукашенко дека намерно ги пропушта за да да се одмазди за санкциите кои ЕУ ѝ ги наметна на неговата земја.

Полска е подготвена за било какви „провокации“. Една таква провокација би можела да биде големата воена вежба која за осум дена заедно ќе ја спроведат Русија и Белорусија и тоа токму на границата со Полска. Се смета дека илјадници руски и белоруски војници ќе прават маневри со тенкови, артилерија и со авиони под мотото „Запад-2021“.






– Ситуацијата на границата со Белорусија е тешка и опасна. Денес, ние како Полска, бидејќи сме одговорни за нашите сопствени граници, но и за границите на Европската унија, мора да преземеме мерки за да ја гарантираме безбедноста на Полска и ЕУ, истакна портпаролот на претседателот, Блажеј Спичалски на прес-конференција.

Засега, Полска успеала да спречи 2.500 од 3.500 обиди за влез во земјата, а почна и да поставува бодликава жица и да распоредува војници на двата гранични премини со Белорусија.

Поврзани содржини