СУДИЈАТА ИМ БИЛ КУМ, ПА ГИ ОСЛОБОДИЛЕ Пар прошверцувал 1,4 тони кокаин во Црна Гора

Ќе избегаат ли од земјата Будимир и Марина додека се расчистува судската постапка против нив? Во меѓувреме, судијата Радомир Ивановиќ беше исклучен од предметот заради неговите кумски врски. Ова е уште еден „обид правдата да стане бесмислена“ рече вицепремиерот Дритан Абазовиќ, додека Ивановиќ се бранеше дека не постапил пристрасно.

603

Фатени, па ослободени од 30-дневен притвор за дилање кокаин биле Будимир(66) и Марина(27) Крстовиќ од Црна Гора, само затоа што му биле кумови на истражниот судија, јавува Нова. Скандалот со рекордните 1,4 тони кокаин, според „Вијести“, пронајдени кај парот е уште еден „обид правдата да стане бесмислена“ рече вицепремиерот Дритан Абазовиќ, додека судијата се бранеше дека не постапил пристрасно.

Ќе избегаат ли од земјата Будимир и Марина додека се расчистува судската постапка против нив? Во меѓувреме, судијата Радомир Ивановиќ беше исклучен од предметот заради неговите кумски врски. Синоќа, тој за РТЦГ и отворено признал дека тие му се кумови.






За да ги ослободи од притвор своите кумови Ивановиќ мора да ѝ се спротивстави на високата државна обвинителка Тања Божовиќ која ја предложила мерката. Но, од Вишото државно обвинителство на Црна Гора не се откажуваат. ВДТ ќе поднесе жалба на оваа одлука, изјавиле тие за „Вијести“.

Будимир и Марина Крстовиќ го чувале кокаинот во нивен сопствен магацин во куќа во селото Зета Мојановиќи. Тие сепак нема да можат така лесно да избегаат, бидејќи им се одземени пасошите и имаат мерка за надзор од страна на полицијата.

Поврзани содржини