Како Зоки и итроманчињата од советници „згрижуваат“ интелектуалци
Вистинската интелектуала на оваа земја, пак, живее и во полоши од авганистански услови, стишена е, маргинализирана, сите врати ѝ се затворени и со право е резигнирана.
Многу е смешно ова со згрижување интелектуалци од Авганистан и остали ноторни глупости, на кои нѐ навикнаа Зоки и неговите итроманчиња од советници.
Кога ќе размислиш уствар,и имаат право, а богами и искуство, цела наша земја и сите наши партии имаат длабоко искуство со згрижување „интелектуала“.
30 години масовно ја згрижуваат во партија и во институции и после ја праќаат низ општеството, диригирано да просераваат за нив. Од време на време дури и знаат до толку да ги згрижат што овие мораат и навистина нешто интелектуално да испрдат.
Вистинската интелектуала на оваа земја, пак, живее и во полоши од авганистански услови, стишена е, маргинализирана, сите врати ѝ се затворени и со право е резигнирана.
Ќе рече некој: па тоа е позицијата и димензијата на секој вистински интелектуалец. Тачно, ама во општества каде зборот, делата и независноста носат сепак и некакви можности за таквите несреќници.
Така да, мило ми е што ќе згрижиме интелектуалци, мислев дека е подобро да згрижиме деца и да ослободиме жени од стегите на патријархатот и Шеријатот, ама ете, ќе речат, сигурно дека има и жени меѓу интелектуалциве, па можеби и деца-интелектуалци, којзнае…
(Фејсбук статус на авторот)