ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО Повредени две жени
Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен, а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет - информира д-р Пановска Поп Стефанова.
Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езеро „Младост“, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.
– Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен, а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет – информира д-р Пановска Поп Стефанова.
Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на самото место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хируршкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.
На самото место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.